Tuesday, October 18, 2016

МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР!!!

Во дејствувањето како четници на ВМРО, многумина револуционери на организацијата извршиле атентати но и саможртва, не сакајќи живи да се предадат на непријателот. Така било со Гемиџиите, војводите Христо Узунов, Леонид Јанков, Сава Михајлов, Мише Развигоров, Мара Бунева и уште многу други...но....подвигот на еден малку познат комита е незапамтен во воената и револуционерната историја во светски рамки...ДИНЕ АБДУРАМАНОВ....


Дине Абдураманов бил обичен неписмен земјоделец од Леринско, а неговата саможртва е несфатлива за здравиот разум. Тој и пристапува на организацијата во текот на 1896 година, дејствувајќи во четата на леринскиот војвода Марко Лерински, со кого бил близок пријател. 


Во текот на месец јуни 1902 година, во неговото родно село Петеле (Леринско), како и во некои други села, турците вршеле немилосрден терор, барајќи ги пушките што ги купиле селаните, подготвувајќи се за востанието. По големи измачувања, биле предадени стотина пушки.

Кога дошле кај Дине Абдураманов, тој се забарикадирал во куќата и почнал да пука во аскерот. За да го присилат да се предаде, како жив штит ги користеле неговата жена, ќерка, сестра и неговиот вујко, верувајќи дека ќе го положи оружјето и ќе се предаде. Но, така не размислувал тој, продолжил да пука, и во тој метеж ги застрелал ќерката, сестрата и жената. Во борба со турскиот аскер загинува на 13 јуни 1902 година.


Неговиот син, Никола Абдураманов, го продолжува револуционерниот пат на неговиот татко, на начин што по наредба на ВМРО, на 03.07.1926 година, на Широк сокак, во Битола го убива, Спас Хаџи Попов, (Спасоје Хаџи Поповиќ), кој бил деец на српската пропаганда во Битолско и околината.

No comments:

Post a Comment